„Баерн е фаворит против Реал“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако не се прославува баш со прогнозите, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња го искоментира четвртфиналниот пар од ЛШ.

По мислење на Лотар Матеус, сонот на Реал да стане прв тим кој ќе ја одбрани титулата во ЛШ ќе заврши во четвртфиналето, каде што за ривал ќе го има неговиот поранешен тим.

„Баерн не е исклучителен фаворит против Реал, но е фаворит“, изјави Матеус за Скај Спротс.

„Ќе биде одлични дуели, двата тима имаат вонсериски играчи во своите редови. Сепак, јас типувам на Баерн бидејќи ми се чини дека се повеќе уиграни и дисциплинирани“, заклучи Матеус.

Првиот меч се игра на Алијанц Арена на 12 април, реваншот е на Сантијаго Бернабе шест дена подоцна.