Сега и официјално! Арсенал ги прекина преговорите со Озил и Санчез!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На што ли тие ќе личат во наредната сезона…

Арсен Венгер како да се труди уште повеќе да ги изнервира навивачите на Арсенал.

Тој зборуваше за ситуацијата околу договор со Санчез и Озил. Се шушка дека тие ќе заминат, а сега и официјално, преговорите се прекинати.

„Да, ги прекинавме преговорите, сега резултатот  е во прв план. Мислам дека ќе продолжиме да разговараме во текот на летото, тогша притисокот е помал и ќе можеме да се фокусираме на тоа“, рече Венгер.

Тоа со други зборови значи дека Арсенал ќе дозволи Санчез и Озил да влезат во последната сезона од договорот.

Тоа само ќе го стави клубот во незгодна ситуација, бидејќи двајцата фудбалери ќе можат да поставуваат услови знаејќи дека клубот ќе мора да ги продаде.

Сега, некој ќе рече дека Арсенал може да ги задржи и да сочека да им истече договорот во 2018 година, но тоа значи загуба од 100 милиони евра, што секако Гунерите нема да дозволат.

Од друга страна, јасно е и дека опциите на играчите не се баш големи, тие сакаат да останат во ПЛ, тешко дека назад во Шпанија, а Санчез се доведува во врска со Интер, додека актуелна е приказната околу доаѓање на Озил во татковината, во Фенербахче.