Замената за Пепе стигнува од Премиер лигата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинец се враќа во Шпанија?

Долгогодишниот стопер на Реал Мадрид Пепе ќе го напушти клубот после 10 години, а Флорентино Перез бара адекватна замена.

Според последните информации од островот, стоперот на Манчестер Сити Николас Отаменди се понуди на Реал и сака да се пресели во Мадрид.

Наводно, Аргентинецот не е задоволен со минутажата и улогата кај Пеп Гвардиола кој на лето ќе доведе уште еден стопер.

Реал сега може да смета на капитенот Рамос, Варан и Начо, па јасно е дека Перез ќе мора да доведе уште еден квалитетен стопер.

Отаменди Реал ќе го чини околу 30 милиони евра, што и не е некоја голема сума на пари.

Да потсетиме, покрај Отаменди, се споменува и враќањето на младиот Хесус Ваљехо кој блеска во редовите на Франкфурт, а инаку е дете на Реал Мадрид.