Брутална дефиниција за модерниот фудбал од страна на Мурињо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот стратег е разочаран од денешното однесување на младите фудбалери, на кои очигледно има многу што да им замери.

Жозе Мурињо е еден од најдобрите тренери на денешницата, а во тоа нема сомнеж. Во текот на својата кариера седеше на клупата на најголемите светски клубови, со секој освојуваше трофеи, со поедини и тоа најголемото во клупскиот фудбал.

Сега работи во Манчестер Јунајтед, кој пробува да ги врати на старите стази на слава, засега му оди добро, иако во Премиер лигата не се прослави, во Лигата на Европа добро му оди, и се е извесно дека Манчестер Јунајтед низ едно од тие две натпреварувања ќе успее да се врати во ЛШ, каде што му е и  местото.

Освои и два трофеи откако во летото е на клупата на Ѓаволите, прво го доби Лестер за пехарот во Комјунити Шилд, а неодамна во финалето на Лига Купот неговиот Јунајтед беше подобар од Саутемптон.

Сепак, јасно е дека денеска Мурињо не котира така високо, како што котира додека седеше на клупата на Порто, Челси и Интер,к а како што тој вели, причината може да биде новата генерација на фудбалери.

Тој е изреволтиран од непрофесионализмот на денешните фудбалери, а ги спореди со Френк Лампард, за кого се знае дека е негов љубимец.

„Сеуште се адаптирам на овој нов свет, на она што младите станаа. Тешко ми е да сфатам дека некогаш, за разлика од денеска, младите играчи беа професионалци во вистинска смисла на зборот.

Еден Френк Лампард со 23 години беше вистински маж, кој беше посветен на фудбалот и тренинзите. Денеска фудбалерите со толку години се вистински деца“, јасен е Мурињо.

„Денешните фудбалери се деца, а не мажи. Всушност, тие се обични генијалци опкружени со некои работи кои на мене не помагаат во работата, а ни во животот“, додаде Португалецот.

Мурињо е свесен дека ќе мора да се адаптира на новиот “тренд“, но не крие дека жали за „старите добри времиња“.

„Пред десет години ниеден играч во соблекувалната немаше мобилен. Сега, како тренер, тоа морате да го прифатите ако не сакате да дојдете во конфликт со соиграчите. Можете ли да спречите играч да направи нешто глупаво на друштвените мрежи? Нема шанса“, заклучи Мурињо.