16-годишниот Дарко Чурлинов доби повик во А репрезентацијата на Македонија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По победата во Вадуц против Лихтенштајн од 3:0 во натпревар од 5-то коло од квалификациите за СП 2018 во Русија, репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за пријателскиот натпревар против Белорусија на 28-ми март во 18:00 часот на Националната арена во Скопје.

Селекторот на македонската најдобра репрезентација Игор Ангеловски за натпреварот против Белорусија во составот на Македонија го повика Дарко Чурлинов. Доколку добие шанса за настап против Белорусија фудбалерот на германски Келн ќе стане најмладиот репрезентативец со 16 години и осум месеци.

Против Белорусија во комбинација за настап ќе биде и Езџан Алиоски кој поради жолти картони немаше право на настап на натпреварот против Лихтенштајн.

По настапот за сениорската репрезентација во Вадуц, на репрезентативниот тим до 21 година ќе му се приклучат и шесте фудбалери кои беа на располагање на Игор Ангеловски, голманот Игор Алексовски, Дарко Велковски, Бобан Николов, Давид Бабунски, Никола Ѓорѓев и Марјан Радески.