„Мбапе ќе заврши во Барселона или Реал Мадрид!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот фудбалер Килијан Мбапе ја воодушеви јавноста со своите игри во дресот на Монако.

Тој оваа сезона е еден од најдобрите играчи на Монако, а во 32 натпревари постигна 19 голови.

Мбапе е прогласен за наследник на Анри, а многумина му предвидуваа голема кариера.

Напаѓачот на Монако сигурно ова лето ќе биде главна мета на многу европски тимови.

Неговиот соиграч, Фабињо изјави дека Мбапе еден ден ќе игра или за Барселона или Реал.

„Сите знаеме дека тој порано или подоцна ќе заврши во Барселон или Реал Мадрид, па можеби и во некој друг клуб од сличен калибар. Се надевам дека ќе остане долго со нас и во клубот се свесни дека на него ќе заработат големо богатство.“