„Јуве може да помине само ако Барселона не биде на свое ниво!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот фудбалер Креспо изјави дека најдобриот натпревар во ¼-финале од ЛШ ќе биде помеѓу Јувентус и Барселона.

Поранешниот фудбалер изјави дека по завршување на кариерата ги следи случувањата во светот и дека ужива во натпреварите од ЛШ.

Креспо изјави дека дуелот помеѓу Јуве и Барса ќе биде спектакл.

„Ако ме прашувате кој ќе помине, мојот одговор е Барселона, но ако имаат лош ден, тие ќе изгубат и Јувентус ќе се пласира понатмау.“

„Сигурно не очекуваат два неверојатни натпревари и што се однесува до мене тоа е најдобриот пар во ¼-финале на ЛШ. Јувентус е искусен тим, но најголем проблем е тоа што против себе го имаат триото МСН.“