Росицки е опериран, но не размислува за предавање!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер Росицки низ кариерата имаше многу проблеми со повреди, кои го спречија да постигне уште повеќе.

Росицки неодамна имаше операција на ахиловата тетива која помина успешно и без компликации, но на теренот нема да се враќа пред почетокот на наредната сезона.

И покрај тоа, Росицки изјави дека не размислува за завршување на кариерата.

„Така е во животот. Ако има надеж, мора да се борите. Ќе се обидеме уште еднаш.“

Росицки најдобрите денови ги помина во Борусија и Арсенал, а во Спарта се врати во август минатата година.