„Ботас напредува од ден во ден!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас го освои 3-то место на ГН Австралија, а директорот на овој тим Волф смета дека Финецот наскоро може да стигне и до првата победа во Ф1.

Ботас во Мелбурн се најде на победничкиор подиум заедно со Фетел и Хамилтон.

„Бев многу импресиониран како возеше во текот на неделата. Тешко е да се замисли по колку голем притисок беше и тој на крајот беше блиску до Луис. Тој е многу фокусиран и тоа му е најголема сила.  Мора да се поврзат сите коцки и постојано да напредувате.“

Наредната трка се вози на 9-ти април.