„Како против Кристијано?“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Баерн смета дека израмнувачкиот гол на Реал целесно го промени текот на натпреварот.

Ученикот го надмудри учителот, но само во првата рунда. Карло Анчелоти мораше да го признае поразот во дуелот со Зинедин Зидан и сега екипата на Баерн ги чека пеколен реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите во Мадрид за шест дена.

Славеше Реал во Минхан со 2:1, направи пресврт, а Анчелоти само со почит зборуваше за Кристијано Роналдо, двојниот стрелец.

„Вечерва Кристијано го реши натпреварот. Мислам дека го држевме под контрола до црвениот картон. Ќе биде тешко во следната недела, но има уште шанси и ќе пробаме да ги искористиме. Се надевам дека ќе пружиме максимум во Мадрид“, наведе Анчелоти на конференцијата за новинарите после натпреварот.

Израмнувачкиот погодок примен на стартот на второто полувреме изгледа дека целосно ги поремети Баварците.

„Во ваков натпревар деталите може да бидат многу важни. Промашивме пенал, а можевме да одиме на 2:0. Одма после тоа примивме гол и тгоа целосно го промени тој натпревар“, додаде трофејниот италијански стручнак.