Судијата кажа дека е пенал, но во Лестер не мислат така – Погледнете дали ова навистина е пенал(ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико Мадрид во првиот натпревар од ¼-финале во ЛШ го победи Лестер со 1:0. Единствениот гол за нив го постигна Гризман од пенал.

По еден контра-напад на Атлетико, Гризман тргна кон казнениот простор на Лестер каде што старт врз него имаше Албрајтон.

Многумина сметаат дека стартот бил надвор од казнениот простор, но судијата покажа на белата точка. Во Лестер сметаат дека и контактот бил многу слаб за прекшрок, а тренерот на Лестер, Шекспир по натпреварот немаше убави зборови на сметка на судијата Ериксон.