Можен неверојатен исход, од Рома преминува во Милан?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми најавуваат интересен трансфер, премин на Един Џеко во Милан!

Тренерот на Милан Винченцо Монтела одржа состанок со новото раководство на клубот на кој се разговараше за засилувања.

Првата работа која треба да се завши е нов напаѓач кој ќе го замени Карлос Бака.

Првата желба на Милан е играчот на Борусија Пјер – Емерик Обамејанг, кој ги помина младинските школи на италијанскиот клуб.

Ако не успеат да го ангажираат Обамејанг, новите сопственици имаат и план Б – ангажирање на Един Џеко.

Џеко моментално е најдобар стрелец во Серија А со 25 голови, а покрај тоа запиша и седум асистенции.