Адис Јаховиќ решети во Турција – Со два погодоци ја сруши Адана


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Гезтепе ја победија Адана Демирспор на домашен терен во натпревар од 29-то коло во турската втора лига, 3:2.

Адис Јаховиќ во 36-та минута погоди за водство на Гезтепе. На почетокот на второто полувреме Гор зголеми на 2:0. Една минута подоцна Адана го намали водството преку Безера. Адис Јаховиќ со својот втор погодок на натпреварот го врати водството на Гезтепе од два погодоци, 3:1. Акбај пред крајот на натпреварот ги постави конечните 3:2.

Оваа сезона Адис Јаховиќ има постигнато 18 погодоци во турската втора лига и се наоѓа на втората позиција на листата на стрелци.