„Дојдовме да победиме и победивме“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Барселона Марк – Андре Тер Штеген беше пресреќен после победата на Каталонците во Ел Класико.

Германскиот чувар на мрежата, и покрај тоа што два пати капитулираше, пружи феноменална партија и еден од најзаслужните што Барселона дојде до победа која ги врати во рамноправна борба за титула.

„Сакавме да одиграме добар натпревар и да победиме, што и направивме вечерва. Морам да признам дека моментално поминуваме низ многу тежок период, некои работи не ни одеа како што треба во последно време, но покажавме дека и понатака имаме победнички менталитет.

После неколку неуспеси вечерва реагиравме на најдобар можен начин. Дојдовме да победиме и победивме“, рече Тер Штеген, кој не можеше а да не ги спомене своите колеги од другата страна.

„На голот на Реал Мадрид беше човек кој бранеше неверојатно. Запре неколку удари на моите соиграчи и навистина му честитам на тоа. Навас е врвен голман, а тоа вечерва и го покажа“.