„Лага е дека Кеси е играч на Рома!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пред неколку денови објавија дека Рома договорила трансфер со Кеси од Атланта.

Медиумите објавија такви информации пред неколку денови, но сеуште се чека официјална потврда од двата тимови. Сепак, денес се огласи неговиот агент кој ги демантираше овие шпекулации.

„Се зборува дека сум бил во Англија на преговори со Челси, па сега се пишува дека се договорил трансфер во Рома. Само ќе кажам дека тој не е играч на Рома како што се пишува во медиумите. Чекаме понуда која е најдобра. Има неколку, но лага е дека е договорен трансфер.“

Кеси оваа сезона игра одлично во Серија А и привлече голем интерес. Во Атланта се свесни дека тешко можат да го задржат и сакаат да заработат 30 милиони евра од него.