Севиља најде замена за Сампаоли?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат шпанските медиуми, францускиот стратег е еден од кандидатите за местото шеф на стручниот штаб на екипата од „Санчез Писхуан“.

Се повеќе се шушка дека Хорхе Сампаоли ќе седне на клупата на Аргентина.

Поранешниот селектор на Чиле направи добра работа во Андалузија, но порано од очекуваното може да замине бидејќи на негова адреса стигна повик од Аргентина.

На Гаучосите пласманот на Мундиналот виси на конец, поради тоа Бауза доби отказ, а во фудбалскиот сојуз на Аргентина се надеваат дека Сампаоли може да го наследи.

Познато е и дека сон на тренерот на Севиља за еден ден да го тренира Лео Меси, и секако ова би била вистинска прилика за такво нешто.

Во тој случај Севиља би останала без шеф на стручниот штаб, а во управата веќе размислуваат за потенцијални алтернативи.

Познато е дека искусниот италијански стручнак Раниери е еден од кандидатите, а сега медиумите шпекулираат дека Сампаоли може да го замени човек кој поранешниот тренер на Севиља Унаи Емери, го наследи на клупата на Пари Сен Жермен.

Во прашање е францускиот стратег и поранешен тренер на Бордо и споменатте „Светци“ Лоран Блан.

Блан нема работа откако е сменет од „Паркот на принцевите“, се пишуваше дека може да седне и на клупата на Барселона, но се чини дека Севиља е далеку од реална опција за него.

Неговиот агент потврди д ека Блан бара странски ангажман, и дека на неговата маса има многу различни понуди.

„Лоран Блан е среќен, му беше потребен одмор и сега сака да се врати на тренирање.

Враќање во Лига 1? Приоритет е заминување во странство, но не можам да знам што ќе се случи. Моментално е април, а ние имаме многу понуди, што од тимови, што од репрезентации“, изјави агентот на Блан Жан Пјер Берн.