Браќата Погба од наредната сезона повторно во дуел?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пол Погба од наредната сезона може да има неколку дуели со својот брат Флорентин кој судејќи според се ќе го напушти Сент Етјен.

Овој двоец имаше дуел во Европската лига кога во 1/16 финалето играа Манчестер Јунајтед и Сент Етјен, а како победник од овој дуел излезе Пол.

Сепак, се чини дека Флорентин има шанса за „одмазда“ веќе во наредната сезона.

Неговиот договор со Сент Етјен истакува на крајот на наредната сезона, а клубот сеуште не му понуди нов.

Овој одбранбен играч во оваа сезона одигра само 15 лигашки натпревари и судејќи според се ќе ги напушти редовите на француската екипа.

Наводно, Флорентин кариерата треба да ја продолжи во Премиер лигата бидејќи постојат неколку клубови кои се заинтересирани за него.

„Не сакам ништо да зборувам на таа тема. Вистина е дека не добив нов договор и веројатно ќе го напуштам клубот на лето. За тоа каде можам да одам ќе зборуваме дури тогаш кога ќе добијам некоја сериозна понуда“, рече Флорентин Погба.