Медиумите го открија новиот клуб на Диего Коста?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако Коста претходните сезони во Челси покажа дека станува збор за одличен напаѓач, постојано се шпекулира дека тој ќе замине.

Шпанецот во Челси стигна од Атлетико Мадрид и во својата прва сезона во новиот тим покажа дека станува збор за одличен играч. Коста секој ден е мета на разни шпекулации на англиските медиуми, а денес се појави уште една.

Коста е сликан на состанок со менаџерот, Мендеш, па веднаш почна да се пишува дека тој ќе замине од тимот. Коста неколку пати изјави дека не му се допаѓа животот во Лондон и тоа е главна причина за шпекулациите.

Меѓутоа, медиумите наведуваат дека станува збор за сериозна приказна. Според новите информации се разговарало за новиот клуб во кој би требало да се замине на крајот на оваа сезона.

Доколку се покажат овие информации како точни, тогаш од наредната сезона ќе го гледаме Коста во Шангај Шенхуа за кој моментално игра Тевез.