БАЕРН МИНХЕН е шампион – Баварците го наполнија Волфсбург


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Баерн Минхен го победија Волфсбург во натпревар од 31-во коло во Ла Лига, 0:6.

Во 20-та минута Давид Алаба постигна фантастичен погодок од слободен удар за водство на баварците. Кастелс го одбрани ударот на Левандовски, но неколку минути подоцна мораше да ја вади топката од мрежата по ударот на пољакот.

Пред крајот на првото полувреме Роберт Левандовски го постигна вториот негов погодок на натпреварот. Арјен Робен во второто полувреме зголеми на 0:4. Волфсбург остана со фудбалер помалку во 78-ма минута бидејќи Густаво доби црвен картон.

Во период од пет минути Милер и Кимих ги поставија конечните 0:6.

Баерн Минхен ќе остане на лидерската позиција и ја зголеми предноста во однос на Лајпциг на 10 бода. После оваа победа баварците се шампиони.