Пресврт – Милан ја победи Рома и заврши огромно засилување?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Го сакаа Интер и Рома, но дојде до голем пресврт!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, фудбалскиот клуб Милан го договори трансферот на Френк Кеси од Аталанта.

Наводно, Милан го убеди Кеси со подобри услови од тие кои му ги понудила Рома, со кој 20-годишниот играч за врска практично веќе постигна договор.

Милан благодарение на новите сопственици, богати инвеститори од Кина, испрати подобра понуда од Рома, кој на Кеси нуди 1.8 милиони евра по сезона.

„Росонерите“ за трансферорт на Кеси ќе платат 28 милиони евра и така заврши еден од најбараните играчи во Серија А.

Да потсетиме, за Кеси интерес покажаа Интер и Рома, но и подобрите премиерлигаши како Ливерпул, Челси и Арсенал.

Доаѓањето на Кeси може да биде почеток на нова ера на Милан и враќање на старите стази на успех кога најдобрите играчи од Серија А доаѓаат на Сан Сиро.

Да потсетиме, Кеси веќе го доби прекарот „нов Јаја Туре“ што во оваа сезона многу го оправда со одличните партии во дресот на Аталанта.