„Магијата на Висенте Калдерон долго ќе остане запаметена“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Атлетико го победи Реал со 2:1, но не помина понатаму поради поразот од 3:0 во првиот натпревар.

Диего Симеоне и покрај елиминацијата од натпреварувањето е горд на своите играчи.

„Дадовме се од себе, како што правиме минативе години. Годините поминуваат, играчите созреваат. Секој ден планирааат натпревари и ме мотивираат. Се боревме против бранителот на титулата.“

Атлетико беше на праг на голем пресврт, затоа што успеаа за 16 минути да постигна 2 голови, но Реал искористи една нивна грешка и ги казни.

„Среќен сум и горд што покажавме какви сме. Се боревме, трети сме во Шпанија, игравме две финалиња во ЛШ. Имавме ужасен резултат во првиот натпревар, но во вториот верувавме во пресврт.“

„Првите 30-35 минути долго ќе се паметат. Тие ја искористија грешката на одбраната и постигнаа гол. Вечерашната магија на Калдерон ќе остане долго време запаметена.“