Трето засилување за Милан: На Сан Сиро стигнува еден од најдобрите играчи за врска во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После четири години Милан се наоѓа на чекор од враќање во европско натпреварување.

Росонерите го држат шестото место во Серија А, на две кола пред крајот, и имаат големи шанси веќе во следното коло да осигураат Европа ако ја совладаат Болоња, а Фиорентина не победи кај Наполи.

Најважната цел на новиот кинески сопственик е пред реализација, а тренерот Винченцо Монтела ќе добие важно засилување со цел славиот италијански клуб што побрзо да се врати во врвот на Серија А и на европскиот фудбал.

После Матео Мусачо, кој стигнува од Виљареал за 18 милиони евра, и Рикардо Родригез од Волфсбург (трансферот е договорен за 22 милиони евра, клубот од Сан Сиро е спремен и за третото засилување.

Меѓутоа, се чини д ека Милан однесе победа, бидејќи италијанските медиуми тврдат дека трансферот на Кеси во клубот од Ломбардија ќе биде официјално потврден во следната недела во операција вредна 28 милиони евра.
Кеси во оваа сезона одигра 29 натпревари за Аталанта, и постигна седум голови, со четири асистенции и еден од најзаслужните за историскиот успех на клубот од Бергамо, кој после 26 години избори пласман во Европската лига во следната сезона.