Надал и Федерер водат, Новак и Мареј ги нема никаде!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


АТП трката не е исто што и АТП листата. Кога станува збор за АТП трката, се зборува само за резултатите од оваа година, а АТП листата зборува за резултатите во последната година.

Што се однесува до АТП листата, Мареј е далеку пред сите, Ѓоковиќ е втор, но тоа не е случај во АТП трката.

Мареј и Ѓоковиќ се многу полоши од што покажува АТП листата, па ако продолжат вака нема сомнеж дека ќе им бидат загрозени позициите.

Надал благодарение на освојувањето на турнирот во Мадрид изби на првото место со 4735 поени, пред Федерер кој има 4045 поени.

Мареј оваа сезона е 11-ти со 1200 освоени поени, а Ѓоковиќ е 16-ти со 1015 бодови.