Дешам конечно објасни зошто не го вика Бензема во репрезентацијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дешам објасни дека на списокот на репрезентативци ќе го нема Бензема.

Бензема не беше повикан во репрезентацијата по октомври 2015-та година, а причина за тоа е случајот „Валбуена“. Дешампс веднаш по читањето на списокот, објасни зошто го нема Бензема.

„Зошто го нема Бензема? Оваа репрезентација е составена пред ЕП и стигна до финалето на истото. Таа група на фудбалери играше и во овие квалификации за СП 2018-та година. Имам група на играчи во која владее добра хармонија. Верувам на играчите кои ќе ги испратам на теренот, а повикувам и млади затоа што имаат потенцијал.“

Да потсетиме, Бензема е најверојатно најголема ѕвезда на Франција, а досега за Франција одигра 81 натпревар и постигна 27 голови.