Каков Лаказет, тој ќе биде приоритет на Јорганџиите во ова лето!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако се шпекулираше дека францускиот репрезентативец може да оди во Мадрид, сепак ангажирање на шпански фудбалер е приоритет на Диего Симеоне.

Атлетико Мадрид ја заврши сезоната, им остана да го одиграат и мечот од последното коло, но тој нема да ја промени нивната состојба на табелата.

Ќе завршат како трети на табелата во Примера, испаднаа во полуфиналето на ЛШ од Реал. А и во Купот на Кралот се запрени во истата рунда, само тогаш на падот им застана Барселона.

Извесно е дека поедини играчи ќе заминат во ова лето, Антоан Гризман е на мета на Манчестер Јунајтед, што секако ќе биде голем удар за клубот од шпанската претстолнина.

Се шушка дека Французинот може да го замени сонародникот Александер Лаказет, но изгледа дека ангажирањето на еден од најдобрите стрелци во Лига 1 во новата историја не е приоритет на Атлетико Мадрид.

Имено, Диего Симеоне на челниците на клубот стави до знаење да направат се што е во нивна моќ и на располагање да му го стават фудбалерот на Севиља Витоло.

Како што пренесува Марка Чоло е спремен по секоја цена да го ангажира шпанскиот репрезентативец, не го „уплаши“ ни цената, бидејќи се претпоставува дека Севиља ќе бара 40 милиони евра за неговите услуги.

Симеоне е спремен да го ангажира и во случај ако забраната за трансфери на Атлетико остане на сила до следната година, сака во ова лето да го капира и во клубот да го дочека дури во јануари.