После 11 години, Динамо Загреб ја загуби титулата! Ријека е нов шампион на Хрватска!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коло пред крајот во Хрватска решени се дилемите за тоа кој ќе биде шампион.

Ријека ги задржа своите пет поени предност од Динамо и со тоа ја прекинува 11 годишната доминација на тимот од Загреб.

Динамо славеше на гости кај Осијек со 1:0, но Ријека беше убедлива дома против Цибалија и со високи 4:1 ја загарантираше титулата.

A секако, после успехот доаѓа славење, погледнете како Ријека „гори„ оваа ноќ.