Канте прави уште еден чекор напред во кариерата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Канте ги освои последните 2 титули во ПЛ со 2 различни клубови.

Прво тоа му успеа со Лестер, а потоа и со Челси, во кој се воодушевени од него. Тој стана нивни главен фудбалер и тој беше еден од најзаслужните за титулата.

26-годишниот играч е прогласен за најдобар играч во ПЛ, а според медиумите, неговата форма оваа сезона не помина незабележано од големите клубови.

Реал Мадрид е наводно заинтересиран за него и ќе се обиде да го купи затоа што Перез кажа дека Канте би бил големо засилување за нив.

Реал го има и Касемиро на таа позиција, кој играше одлично, ама по се изгледа дека Канте е подобар избор.

Тој дојде во Лестер за 5.6 милиони од Каен, а во првата сезона стигна до сензационален успех.