„Буфон треба да ја добие Златната топка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жерар Пике изјави дека сака да го види Буфон како добитник на „Златната топка“ на крајот на оваа година.

Еден од најдобрите дефанзивци во светот изјави дека најдобар фудбалер во светот е Меси, но дека „Златната топка“ оваа година треба да ја освои Буфон.

Само еднаш во историјата се случило тоа, поточно во 1963-та година кога го направи тоа Јашин.

„Меси е најдобар играч во светот  и најдобар играч во историјата, може да освои многу вакви награди.“

„Сепак, ако ги погледнеме трофеите кои се освоени, тогаш би било убаво да му се даде наградата на Буфон.“

„Го заслужи тоа поради својата одлична кариера, поради оваа сезона и одлично би било да се види еден голман да ја освои оваа награда.“