„Италија е мојот втор дом, но не се враќам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на репрезентацијата на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, сеуште не донесе одлука каде ќе ја продолжи својата кариера.

Ибрахимовиќ после три сезони се одлучи да го напушти ПСЖ каде што остави длабока трага. Тој својата кариера најверојатно ќе ја продолжи во Англија иако имаше понуди од својот некогашен клуб Милан.

„Никогаш не се враќајте во клуб каде што веќе сте испишале историја. Италија е мојот втор дом, но немам намера повторно да се враќам во Милан. Сакам во кариерата нови предизвици и така и ќе биде“, рече Ибрахимовиќ.

Напаѓачот на Шведска новиот клуб треба да го соопшти после ЕП, но сите веруваат дека тој кариерата најверојатно ќе ја продолжи во дресот на Манчестер Јунајтед.