Натпреварот Вардар-Фенербахче организиран по примерот на Супер Купот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Вардар испратија неколку информации околу организацијата на натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче.

Од клубот наведуваат дека по договор со МВР, натпреварот ќе биде организиран по примерот на Супер Купот кој минатата недела се одигра во Скопје. На влезот пред стадионот ќе бидат одземени секаков вид на знамиња и пиротехника, додека секој оној кој ќе седи на скалите ќе биде отстранет од стадионот од страна на обезбедувањето.

Ваквите мерки доаѓаат по казните од страна на УЕФА изречени до ФК Вардар поради истакнување на неонацистички знамиња, употреба на пиротехника и седење на скали.

Околу стадионот за време на натпреварот ќе има посебен режим за движење на пешаци, а до стадионот со автомобил ќе може да влезат само оние со акредитација за паркинг.

Вратите на стадионот ќе се отворат во 17 часот, а ќе бидат затворени на во 19:30 часот, на 30 минути пред почетокот на натпреварот.