Рашфорд е „План Б“ на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челниците на Реал Мадрид во своите трансфер планови како „План Б“ го имаат Маркус Рашфорд, играчот на Манчестер Јунајтед.

Престедателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перез е спремен за голем трансфер за наредното лето, по подолго време, а прва мета е Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем.

Тој е моментално еден од најдобрите напаѓачи во светот, а ќе биде многу тешко да се донесе во Реал Мадрид, но доколку не успеат, втора мета е Рашфорд.

Младиот анлгиски фудбалер игра одлично оваа сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, а на сите им е јасно дека во наредните години тој ќе биде еден од најдобрите играчи во светот на неговата позиција.

Но, се сомневаме дека Манчестер Јунајтед би го пуштиле овој играч да оди во друг клуб и воопшто не им е драго тоа што нивниот играч е мета  на Кралевите.