Колку чини еднодневно дружење со Кристијано Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неименувана жена од Американската сојузна држава Калифорнија издвоила поприлична сума на пари со цел да помине еден ден со Кристијано Роналдо.

Таа одлучила да инвестира дури 32.000 евра за да биде во друштво на Роналдо, а тие пари Португалецот ќе ги инвестира во добротворни цели.

За оваа сума Американката ќе добие она што многу негови фанови го сонуваат.

Ќе има шанса да помине 24 часа во друштво на најдобриот фудбалер во светот, постојано да комуницира  со него, да оди во тренинг кампот на кралскиот клуб.

Исто така ќе добие и ВИП влезници за некои од домашните натпревари на Кралевите и нејзиното уживање ќе биде целосно.

Роналдо одлучи да организира хуманитарна акција во која оној кој ќе понуди најмногу пари, ќе има шанса да се дружи со него во секојдневните активности.