ДЕФИНИТИВНО – Распад на „BBC“, дали е ова новото трио на Кралевите!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека Перез одлучил и дека ниту самите играчи не можат да направат ништо, на лето следи потполна рекунструкција на тимот.

Работите се многу едноставни, а натпреварот со Тотенхем покажа дека во Реал се приближува крај на една ера. Не се само лошите резултати проблем, на крајот на краиштата ниту разликата од 5 бодови со Барселона не е недостижна, но на тимот му се потребни нови лица.

Флорентино Перез отсекогаш знаел тоа да го почуствува и како што тврдат медиумите веќе никој не може да го предомисли, да направи нов тим.

Младите играчи се тука, но ќе има голема продажба и купувања.

Веќе пишувавме претходно дека Перез се кае што не го послуша Зидан за да го продаде Бејл, а сега цената на Велшанецот падна, но сеедно, голема е веројатноста на лето да замине од Реал.

Спас веројатно нема ниту за Бензема, иако потпиша нов договор, нема да му помогне ниту желбата на Роналдо да остане во тимот.

Можни се промени на голманската позиција, а не е исклучена опцијата Реал да го продаде и Модриќ.

Кого сакаат?

Пред се Гризман, за кој Реал е спремен да ја плати клаузулата, ако го убедат Алтетико, потоа Де Геа или Куртуа, за Донарума е мала веројатноста затоа што тој го обнови договорот со Милан.

Прва мета сепак е Дибала, потешко ќе биде да го доведат Хари Кејн. Роналдо заедно со Гризман и Дибала би биле застрашувачко трио.

Поголема шанса ќе добие Себалјос, како и Асенсио, лидер на екипата во средината би требало да биде Иско.

Овие промени се неминовни, без обзир на исходот од сезоната, од старата гарда ќе останат Рамос и Роналдо како лидери на тимот, а Перез смета дека на тимот навистина му е потребна свежа крв, како и нови лица.