Михтаријан заминува „дома“, но ако се исполнат овие два услови!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хенрик Михтаријан е подготвен на се, само за да побегне од Мурињо.

Тој би сакал да се врати во Дортмунд, иако се споменуваше трансфер во Интер. Тој повеќе не е во првиот план на Мурињо, но Италијанците немаат пари, а замената со Жоао Марио не е интересна за Јунајтед.

Поради тоа Раиола работи на враќање на Михтаријан во Дортмунд, но за тоа е потребно да се исполнат два услови.

Првиот е висината на трансферот, но по се изгледа дека Јунајтед ќе ја намали неговата цена, односно ќе го позајми до крајот на летото, кога би можел Дортмунд да го откупи неговиот договор за 30-на милиони.

Втора е платата на Михтаријан од 12.5 милиони евра, поточно тој ќе мора да се согласи на многу помала плата, но се зборува дека и на тоа е подготвен.

Мотивот е јасен, Мурињо сака нов фудбалер, а клубот сака да се ослободи од фудбалерот кој ја започна многу лошо минатата година, па долго време не беше во тимот, а иако играше добро минатата пролет, сепак тој падна во немилост на Мурињо овие неколку месеци.