Заврши приказната во Вест Хем: Чичарито си пронајде нов клуб?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мексиканскиот напаѓач Хавиер Ернанандез Чичарито треба во наредните денови да го комплетира трансферот во Бешикташ.

Ернандез во редовите на Вест Хем пристигна минатото лето од Баер Леверкузен, но постигна само четири голови на 17 натпревари во дресот на новиот клуб, па заминувањето е очигледна опција и тоа по само шест месеци.

Многу екипи беа заинтересирани за неговите услуги, но по се изгледа дека Бешикташ ја добил оваа битка, а Вест Хем за неговиот трансфер ќе добие 8.5 милиони евра.

Чичарито би требало да добие плата од 3.5 милиони евра.  Тој во кариерата има играно уште за Манчестер Јунајтед, Баер Леверкузен, Реал Мадрид и Гуадалахар.