„Алхемичар“ Мончи – Се што ќе допре – претвора во злато!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Човекот кој е буквално магионичар, кога ќе го погледнете неговиот однос на купување и продавање на играчи ќе се запрашате дали случајно нема тајна формула!

Се вика Рамон Родригез Вердехо, Шпанец кој го знаат како Мончи.

Потекна на сонцето кај Андалузија, роден е во близина на Кадиз, по фудбалско определување „Севиљано“.

Мончи целата кариера бранеше во Севиља, но воглавно како резерва. Гледаше во грбот на познатиот Унзуеу, а за десетина години колку што беше во првиот тим на “рохибланкосите“ собра 85 настапи.

Далеку од тоа дека беше импресивен, само една сезона, 1996-97 беше стандарден, а Севиља испадна од лигата.

Се повлече во триедесеттите, во сезоната во која Севиља се врати во Примера.

Мончи избра друг начин да стане легенда на „Писхуан“, веќе на почетокот на векот е промовиран во директор на клубот, храбар потег, но Андалужаните веруваа дека некој кој и самиот порасна во фудбалската школа и привлече внимание на децата од домашниот погон, но и да ја развие скаут службата со цел клубот да профитира на талентите од регионот, Шпанија, но и Јужна Америка.

Ова, како што кажуваат навивачите беше еден од најдобрите потези во историјата на шпанскиот фудбал.

Мончи промовираше во првиот тим момци како што се Серхио Рамос, Алберто Морено, Навас, Рејес, Диего Капел, подоцна се скапо продавани. Но она што го направи во доведувањето на играчите е ремек дело.

Севиља освои четири европски трофеи Куп на УЕФА или „наследнико“ ЛЕ, со тоа успеа да профитира при продажбата да биде побогата за околу 200 милиони евра.

И тоа, благодарение на Мончи.

Неговите скаути во Европа го доведоа Жулио Баптиста и тоа за 3.5 милиони, “Ѕверот“ е продаден на Реал за 20 милиони.

Сензационален трансфер на Дани Алвеш, од Бразил едне од најдобрите десни бекови во историјата стигна за 550 илјади евра, Барса во 2008 година го продаде за 35.5 милиони.

Барса на Мончи е одличен муштерија, Ракитиќ е доведен од Шалке за 2.5 милиони, Каталонците платија 18 милиони.

Полјакот Криковјак стигна пред две години за 5.5 милиони, ПСЖ во ова лето го доведе за 33.6 Освен Полјакот, Севиља го продаде Гамеиро за 32 милиони на Атлетико, а платен е 7.5 милиони пред три години. Значи, во оваа сезона, „Берберите“ продадоа двајца за околу 65 милиони евра, а ги чинеа околу 13, Мончи зеде пат пати повеќе пари.

Имаше уште неверојатни подвици, Бака го доведе за 7 па Милан ја плати клаузулата од 30. Стоперот Фацио за помалку од милион, а зедоа десет пати повеќе пари од Тотенхем. Да не го споменуваме Кеита на кого разликата беше 10 милиони, Алеиш Видал кој е доведен за 4, и повторно заврши во Барса за 17, или Негредо кој го купија за 5 и го продадоа за 25.

Умее Мончи да доведува и бесплатно, го собра соевремено Кристијан Поулсен без договор, на крајот Данецот отиде во Јуве за 10 милиони евра.

Што се однесува до играчите кои Севиља ги промовираше во првиот тим, за Рамос Реал ја плати клаузулата од 27 милиони, Навас и Рејес заминаа во Англија за по 20, Морено за 18, Луис Алберто во Ливерпул за 8…

Кога се ќе се собере, со мала инвестиција, профитот е да речеме во последните осум години околу 200 милиони евра.

Мончи сакаше да замине во ова лето, но Севиља се плашеше дека ќе прифати некои други понуди, запнуваа од Англија. Поради тоа не ја прифатија неговата оставка, а порачаа, ако го напушти клубот и прифати некоја друга работа ќе мора да плати клаузула од 5 милиони евра.

Бидејќи, златна кокошка не се испушта туку така…