Невнимателниот Марез откри дека го напушта Лестер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на актуелниот шампион на Англија екипата на Лестер, Ријад Марез, во ова лето може да ја промени средината.

Марез во минатата сезона беше еден од најзаслужните што титулата шампион  тигна во Лестер.

Со своите одлични партии го привлече интересот на многу клубови и тешко е да се очекува дека Лестер ќе успее да го задржи во тимот во ова лето.

Во последно време доста се шпекулираше за тоа дека овој фудбалер својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Арсенал.

Иако Раниери изјави дека сака Марез да остане, се чини дека тоа нема да се случи. Новиот потег на Марез денеска дополнително ги разбранува страстите меѓу навивачите на Топџиите кои желно го очекуваат Марез на Емирати.

Имено, Марез прекина да го следи Лестер на друштвената мрежа што беше знак за аларм меѓу навивачите на Лестер.

Од друга страан, Топџиите сега се речиси сигурни дека Маред стигнува во Арсенал.

Марез и понатака ги следи своите соиграчи од Лестер, но повеќе нема знак на сеуште актуелниот клуб.