Јувентус спиеше цел натпревар, па во 93 минута даде гол преку Дибала


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот од трите дерби натпревари во италијанската Серија А се одигра на „Олимпико“ помеѓу тимовите на Лацио и Јувентус.

Сепак, во сите 90 минути видовме еден здодевен фудбал во кој тренерите главен акцент имаа ставено на зачувувањето на сопствената мрежа отколку да постигнат погодок.

Иако многумина очекуваа натпреварот да заврши со најнепопуларниот резултат, Паоло Дибала ја затресе мрежата на домаќините и ги растажи домашните навивачи.

Со оваа победа Јувентус се доближи на само еден бод до Наполи кој во моментов игра против Рома во вториот дерби дуел од Серија А.