Стигнаа официјалните резултати од аутопсијата на Астори


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот и капитен на Фиорентина, Давиде Астори во неделата почина во својата 31. година од животот во хотелска соба во Удине.

Астори е пронајден мртво на денот на натпреварот со Удинезе во својата хотелска соба, а италијанските медиуми пренесоа дека починал во сон.

Најпрво се зборуваше дека починал од срцев удар, потоа дека доживеал излив во мозокот, а на крајот се отиде дотаму што постоеше сомневање дека е убиен.

Сепак, резултатите од обдукцијата кои денес стигнаа ја потврдија причината за смртта. Официјално, Астори починал од срцев удар, а по завршувањето на сите испитувања телото конечно ќе биде предадено на семејството.