Фиорентина се прости од Астори (видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Фироентина во моментов го играат натпреварот против Бенвенто во рамките од 28. коло од Серија А.

Секако, во Фиренца натпреварот започна со минута молчење и многу солзи како на теренот така и на трибините. На „Артемио Франки“ атмосферата очекувано е тмурна, а фановите и играчите на достоен начин се опростија од капитенот.

Во 13. минута средбата се застана, судијата го прекина натпреварот за повторно да му се даде почит на Астори. Навивачите на Виола приредија корегорафија која до солзи ги донесе сите присутни на стадионот.

Фиорентина потоа поведе преку Виктор Уго, играчот кој го менува токму Астори. Стрелецот на голот по погодокот истакна маичка со Астори и „салутираше“ пред капитенот со што уште еднаш му оддаде почит.