За овие два натпревари на Мундијалот веќе нема карти!

0

ФИФА соопшти дека влезниците за два од 64 натпревари на Светското првенство во Русија се распродадени.

Се работи за финалниот натпревар на Мундијалот на 15. јули, како и за првиот меч на турнирот на 16. Јуни помеѓу Аргентина и Исланд, на стадионот Спаркат во Москва.

Како што се наведува, можно е влезници да имаат контигентите на Фудбалските сојузи на Аргентина и Исланд како и туристики агенции.

Новата фаза на продажба на влезниците почнува денес.

ФИФА наведе дека од септември определила 1.303.616 влезници и дека се задоволни од продажбата на картите на 94 дена од почетокот на Мундијалот.

Исто така ФИФА потсети дека според барањето на руските власти, секој навивач кој сака да присуствува на натпреварите на Мундијалот, потребно е да има навивачка лична карта и тоа ќе биде официјален документ за идентификација.

Навивачите се повикани што порано да се пријават за овој бесплатен документ, штом добијат е-маил за потврда на резервацијата за влезниците.

Навивачката лична карта носи бројни погодноси, безвизен влез во Русија, бесплатен градски превоз во деновите на одигурвање на натпреварите како и поедини бесплатни патувања низ градовите.

 

Share.