ГН Кина – Фетел најбрз на третиот тренинг!

Германскиот возач во болидот на Ферари, Фетел беше најбрз на третиот тренинг пред трката за ГН на Кина.

Фетел кој победи во првата трка во Австралија, денес имаше време од 1:33.336 и заврши пред својот колега Раиконен.

Зад нив двајца беа Ботас и Хамилтон додека на 5-то и 6-то беа Маса и Ферстапен.

Да потсетиме, вториот тренинг беше откажан, а квалификациите се возат од 9:00.