Е ова е веќе системски колапс: Челси се соочува со казна од две години, ФИФА ќе докажува измами?!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Секако, повторно „Фудбал Ликс“, она што го направија е недопустиво, признаа дел од вината, но се испитуваат дури 19 трансфери. Казната ќе биде драконска, ако ФИФА ги докаже обвиненијата.

Нови информации пласираше Фудбал Ликс овојпат врзани за Челси.

Веќе долго време се слуша дека се под истрага, дека ги кршеле постојано строгите правила на ФИФА кога доведувањето на малолетници е во прашање.

Дозвола се добива ако кажеме, родителите на младиот играч се преселат во земјата во која е новиот клуб. Тоа отвори простор за размер на злоупотреби, шпанските клубови тоа до докторираа, а сега Челси е под истрага, во прашање се 19 играчи, од тоа 14 се малолетници.

Најпознат е Траоре кој сега игра за Лион, има 23 години, а регистриран е официјално кога стана полнолетен.

Меѓутоа, од украдените документи се гледа дека тој веќе бил член на Челси, од 16 години заминал во Лондон на школување и во септември 2013. година потпишал договор со клубот, од тогаш играл и дуели за младиот тим.

Челси ја криел оваа информација, иако признаа дека купиле опција на играч од клубот во неговата земја за околу 200 илјади евра, а клубот АЈЕБ од Буркина Фасо е клуб чиј претседател е мајката на Траоре.

Од оваа злоупотреба сигурно не може да има поголема, па ако најдат докази надвор од овие документи, во ФИФА сигурно ќе се одлучат за казна на Челси, на основа на раните искуства ќе бидат соочени со забрана за трансфери, а „Гардијан“ споменува четири преодни рока, односно две години во кои „Плавите“ нема да можат да купуваат играчи.