Официјално: Ред Бул ја доби замената за Рикиардо! (ФОТО)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Екипата на Ред Бул пред неколку дена најави дека возачот на Торо Росо, Пјер Гасли ќе го замени Даниел Рикиардо од 2019. година.

Шефот на Торо Росо, Кристијан Хорнер, кажа дека Гасли е многу подобар од неговото прво појавување во јавноста.

„Гасли без сомнеж го покажа својот талент, а ние во Ред Бул ќе работиме за негов напредок во наредниот период“, кажа Хорнер.

Од друга страна, Гасли потврди пред два дена дека доаѓа во новата екипа.

„Се приклучувам на Ред Бул во 2019. година. Многу сум возбуден пред новите предизвици“, напиша Гасли на Твитер.