Црвена Звезда во големи проблеми пред дуелот против Наполи

Тренерот Владан Милојевиќ се соочи со голем број проблеми пред гостувањето во Неапол во Лигата на шампиони.

Шампионот на Србија ќе гостува кај Наполи на 28 ноември, а за натпреварот ќе бидат неизвесни Филип Стојковиќ и Душан Јованчиќ.

Српските медиуми пишуваат дека Стојковиќ на дуелот против Ливерпул се повредил, а Јованчиќ има болки во задната ложа и докторскиот тим ќе има многу работа.

Сепак, можеби добра е информацијата што следува двенеделна пауза за фудбалските клубови, па таман ќе имаат време Србите да се подготват за натпреварот.