Барселона ќе ги решава проблемите во одбраната со пријател на Ракитиќ!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона не игра како што се очекува сезонава, а најголем проблем дефинитивно е одбраната.

Управата на Каталонците веднаш почна да бара засилувања за во јануари, а денеска се појави уште едно име во медиумите.

Барселона не може да смета на Самуел Умтити и на Томас Вермален, па поради тоа би можеле да го ангажираат Дејан Ловрен.

Наводно, Каталонците се подготвени да го купат уште во јануари, но не е позната сумата за откуп.

Ловрен има договор до 2021. година, а тоа значи дека Ливерпул нема лесно да го пушти да замине.