Бахреин лесен залак за Хрватска


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометната репрезентација на Хрватска убедливо го совлада Бахреин со резултат 32 : 20 и така ја запиша четвртата победа на Светското првенство во Германија и Данска.

„Коцкестите“ против Бахреин како да имаа тренинг, цело време го контролираа резултатот и нивниот триумф во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Најдобар стрелец кај Хрватите беше Мануел Штрлек со 11 голови, а Иван Вида и Дамир Бичанчиќ дадоа по пет гола. Кај Бахреин најдобар стрелец беше Јалал со пет погодоци.

Хрватска е на врвот во групата Б и веќе обезбеди пласман во наредната фаза.