Ван Дајк збесна по киксот на Ловрен: Клоп во неверување … (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дејан Ловрен во дербито помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул одигра натпревар за заборав. Киксна кај обата погодоци, а со своите потези успеа да ги разлути дури и соиграчите.

Во последните моменти од натпреварот, додека Ливерпул ловеше гол со кој би останал на седум бодови предност пред Сити, Ловрен повторно киксна. Се играше 94. минута, хрватскиот дефанзивец имаше топка на средината на теренот, но одлучи да испрати висока топка во 16 метерецот на домашниот состав. На крајот со тоа ја уништи и последната шанса за Ливерпул.

Вирџил Ван Дак, партнерот на Ловрен од одбраната полуде на тој потег на хрватскиот фудбалер со оглед на тоа дека неколку секунди го викаше Ловрен за да ги проигра соиграчите кои беа во подобра позиција. Неколкупати откако топката заврши надвор од теренот, Ван Дајк жестоко му довикуваше на Ловрен.

Камерата успеа да го улови и тренерот Јирген Клоп кој сето тоа го следеше со неверување.