Вардар моќно против ППД Загреб


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ракометарите на Вардар со убедливи 30:27 славеа против тимот на ППД Загреб во рамките од 5. коло од регионалната СЕХА Лига. Со оваа победа „црвено црните“ остануваат на перфектен скор, без ниту еден пораз или нерешен резултат.

Во првите десет минути се играше израмнет ракомет, а потоа Вардар ја презеде играта во свои раце и од минута во минута го зголемуваше водството. На полувреме избраниците на Гонзалез заминаа со плус седум голови позитива (17:10).

Во вториот дел Вардар продолжи да игра на исто ниво и без проблем стигна до петтиот триумф во СЕХА Лигата сезонава.

Тимур Дибиров и Игор Карачиќ беа најефикасни со по шест погодоци, а одлична вечер имаше и Страхиња Милиќ кој реализираше 17 одбрани.