Вилијамс: Ниту Хамилтон не би можел да ни помогне!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првата жена на Вилијамс, Клер, призна дека тимот имал лоши подготовки на болидот за сезонава и на тој начин сакаше да ги заштити возачите Ленс Строл и Сергеј Сироткин.

Пред почетокот на сезоната многумина го критикуваа Вилијамс бидејќи реши за возачи да постави млади и неискусни возачи, но Клер ја објасни ситуацијата.

„Да го ставите дури и Хамилтон во нашиот автомобил, не сум сигурна дали ќе напраив некаква разлика. Жал ми е за Ленс и Сергеј. Нивниот автомобил нема добри перформански. Тие се млади, а често се критикувани и тоа неправедно“, вели Вилијамс.

Екипата на Вилијамс има освоено четири бода и тоа со осмото место на Строл на трката за Големата награда на Азербејџан.